Линкови за пристапност

Илјадници Палестинци бегаат од последните засолништа во северна Газа


Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека медицинскиот центар Шифа во Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека ситуацијата во најголемата болница во Газа е „острашна и опасна“
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека медицинскиот центар Шифа во Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека ситуацијата во најголемата болница во Газа е „острашна и опасна“

Илјадници Палестинци побегнале денес од некои од последните засолништа во северниот дел на Газа, дури и кога израелската војна против милитантите на Хамас ја остави најголемата болница на територијата нефункционална.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека медицинскиот центар Шифа во Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека ситуацијата во најголемата болница во Газа е „острашна и опасна“.

Шефот на СЗО рече: „Постојаните пукотници и бомбашките напади“ околу болницата „ги влошија веќе критичните околности“.

Ал-Кудс, уште една болница во Газа, беше затворена во неделата бидејќи остана без гориво.

Палестинската Црвена полумесечина, која управува со објектот, рече дека се прават подготовки за израелските сили да евакуираат околу 6.000 пациенти, медицински лица и раселени лица.

Докторите во „Шифа“ имаат малку залихи, како што се наведува, вршат операции на ранети од војна, вклучително и деца, без анестезија.

Израел тврди дека Хамас, се штити меѓу цивилите во болницата и има команден центар во и под медицинскиот комплекс.

Израел не обезбеди фотографии или видеа за да ги поткрепи своите тврдења за милитантите на Хамас во Шифа, иако сподели снимки од милитанти кои дејствуваат во станбени населби и позиционираат ракети и оружје во близина на училишта и џамии.

И Хамас и болничкиот персонал во Шифа ги негираат израелските наводи.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата рече дека нема причина зошто пациентите во опколената болница Шифа во Газа да не можат безбедно да се евакуираат, но тврдеше дека милитантите на Хамас прават се` за да ги задржат во опасна ситуација.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG