Линкови за пристапност

Основачот на ИКЕА го почнал бизнисот со продажба на пенкала


Ингвар Кампрад почина во саботата, поради компликации од пневмонија

Почина Ингвар Кампрад, основачот на шведската компанија за мебел „ИКЕА“. Имаше 91 година.

Кампрад почина во саботата, поради компликации од пневмонија, во јужниот шведски регион Смаленд, каде се наоѓа фармата на која тој израснал.

Подоцна, со скромна финансиска помош од неговиот татко, почнал со продажба на пенкала, рамки за слики, машини за пишување и на други производи.

Тоа било почеток, на она што денес е „ИКЕА“.

Сега брендот, во светски рамки, има 403 продавници, 190.000 вработени и 47 милијарди долари годишна продажба

Неговиот бренд стана синоним за едноставност на скандинавскиот дизајн, ниски цени, карактеристично пакување на производите, и составување на мебелот од страна на самите потрошувачи. На тој начин, Кампрад стана претприемач вреден 46 милијарди долари.

Името на компанијата е акроним од неговите иницијали, името на неговата фарма и на неговиот град на раѓање Агунрјад.

Шведскиот крал Карл XVI Густаф, го нарече Кампрад вистински претприемач, кој ја однел Шведска во светот.

Сепак, Кампрад го следат низа контроверзи во животот.

Тој се соочи со остри критики за неговите врски со нацистичкото младинско движење во 1940-те години, а неколку години живееше и во Данска и во Швајцарија, за да ги избегне високите даноци во неговата држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG