Линкови за пристапност

Ураганот Игор заминува од Бермуда


Метеоролозите рекоа дека невремето е 1565 километри југозападно од Њуфандленд и се очекува да мине близу канадската провинција до среда.

Ураганот Игор го напушти Бермуда во понеделникот откако удри на овој атлантски остров со силни ветрови и големи дождови.

Американскиот Национален урагански центар кажа дека Игор имал ветрови од 120 километри на час, кога центарот на невремето минал западно од Бермуда.

Метеоролозите кажаа дека големите дождови завршиле, но дека островот и натаму ќе биде под силни тропски ветрови пред сосема да се смират подоцна во понеделник.

Невремето предизвика прекин на електричната енергија во многу делови на островот, додека дождот и силниот налет на невремето поплави некои области.

Игор се очекува да остави до 23 центиметри дожд на Бермуда.

Метеоролозите рекоа дека невремето е 1565 километри југозападно од Њуфаундленд и се очекува да мине близу канадската провинција до среда.

Тоа исто така причинува немирно море по должина на американското крајбрежје.

XS
SM
MD
LG