Линкови за пристапност

Ниту Србија, ниту Хрватска не извршиле геноцид


Пресуди Меѓународниот суд на правдата; и покрај тоа што силите на обете држави извршиле бројни злосторства, ниту една страна не успеала да докаже геноцид

Главниот суд на ОН денес одлучи дека ниту Хрватска, ниту Србија не извршиле геноцид за време на воените судири на Балканот 1990-те. Според пресудата што ја прочита судијата Петер Томка од Меѓународниот суд на правдата, силите на двете држави извршиле бројни злосторства, но ниту една страна на успеала да докаже дека другата извршила геноцид во судирите во коишто загинаа преку 20.000 лица.

„Судот ги поттикнува страните да продолжат со соработката во однос на соодветна репарација за жртвите на таквите кривични дела, со тоа консолидирајќи го мирот и стабилноста во регионот“, рече Томка во седиштето на Судот во Хаг.

Хрватска поднесе тужба против Србија во 1999-та, тврдејќи дека голем број Хрвати биле убиени, измачувани, раселени или пак префрлени во притворни центри откако српските паравоени единици и силите на југословенската армија го зазедоа градот Вуковар и околните места.

Во 2010-та, Србија поднесе тужба, тврдејќи дека 200.000 Срби биле истерани за време на хрватската контраофанзива во 1995-та.

XS
SM
MD
LG