Линкови за пристапност

И Украина и САД имаат интерес секој долар да се користи мудро, вели конгресменот Дејвид Сисилин


Републиканскиот конгресмен Крис Смит, пак рече дека е важно да се осигура како се трошат парите на САД што се одобруваат за Украина
Републиканскиот конгресмен Крис Смит, пак рече дека е важно да се осигура како се трошат парите на САД што се одобруваат за Украина

Постојат неколку слоеви на надзор што апсолутно гарантира дека средствата што се испраќаат во Украина се користат правилно, рече демократскиот конгресмен Дејвид Сисилин за Украинската редакција на Гласот на Америка.

„Администрацијата на Бајден создаде меѓуагенциски напор во овој поглед, и украинскиот народ и американската влада имаат голем интерес да осигураат дека секој долар се користи мудро“, рече тој.

Сисилин нагласи дека САД ќе продолжат да ѝ помагаат на Украина колку што е потребно за да биде победник во војната.

„Бидејќи тие се борат за сопствената демократија и она што ќе се случи со Украина ќе влијае на демократиите ширум светот. Затоа верувам дека мора да продолжиме да ги поддржуваме и да им дадеме се` што им е потребно за да надвладеат“, рече тој.

Републиканскиот конгресмен Крис Смит рече дека заложбата на САД е кон народот на Украина.

„Да се погрижиме оваа ужасна инвазија на Владимир Путин да биде одвратена и дека нашите пари добро се трошат“, рече тој, нагласувајќи дека е потребно да се осигура дека „сè што правиме се прави исправно“.

XS
SM
MD
LG