Линкови за пристапност

И Мејн забрани Трамп да биде на гласачкото ливче


Одлуката уследи по пресудата претходно овој месец на Врховниот суд во Колорадо со која Трамп беше тргнат од гласачкото ливче таму според 14-тиот амандман
Одлуката уследи по пресудата претходно овој месец на Врховниот суд во Колорадо со која Трамп беше тргнат од гласачкото ливче таму според 14-тиот амандман

Демократската државна секретарка на Мејн вчера го отстрани поранешниот претседател Доналд Трамп од прелиминарното гласање за претседател во сојузната држава.

Одлуката на Шена Белоус уследи по пресудата претходно овој месец на Врховниот суд во Колорадо со која Трамп беше тргнат од гласачкото ливче таму според 14-тиот амандман.

Таа одлука е задржана додека Врховниот суд на САД да донесе конечна одлука.

Кампањата на Трамп соопшти дека ќе ја обжали одлуката на Белоус до државните судови во Мејн, а Белоус ја суспендираше нејзината пресуда додека тој судски систем не донесе одлука за случајот.

На крајот, веројатно е дека највисокиот суд на нацијата ќе го има последниот збор за тоа дали Трамп ќе се појави на гласачкото ливче во Мејн и во другите сојузни држави.

XS
SM
MD
LG