Линкови за пристапност

Харви - ураган со најголема штета во САД?


Преглед на најлошите урагани во американската историја досега

Ураганот „Харви“ се` уште беснее во Тексас, предизвикувајќи голема материјална штета. Бројот на жртвите досега изнесува најмалку осум лица.

Оваа бројка се очекува да расте, откако властите ќе обезбедат пристап до сите погодени области.

„Харви“ може да стане еден од најскапите урагани во историјата на САД, со повеќе од еден трилион галони вода. Но, дали ќе биде меѓу најсмртоносните?

Според Националната океанска и атмосферска администрација, ураганот што го погодил Галвестон, Тексас, во 1900-та година бил најсмртоносен, со повеќе од 8.000 жртви.

Ураганите не биле именувани пред основањето на Националниот центар за урагани, во 1950-та година.

Во 1928-та година, во бура која ја погодила југоисточна Флорида, загинале околу 2.500 лица.

„Катрина“ беше најсмртоносна од новите бури, убивајќи околу 1.200 лица, откако во 2005-та година го погоди Њу Орлеанс и уништи големи делови од градот

Два неименувани урагани од 1893-та година ги заокружуваат најсмртоносните пет.

Едно невреме ја погоди Луизијана, при што загинаа меѓу 1.100 и 1.400 лица, додека друго ги погоди Џорџија и Јужна Каролина, при што загинаа од 1.000 до 2.000 лица, велат од Националната океанска и атмосферска администрација.

Оттаму велат дека „Катрина“ се смета за најскап ураган на сите времиња, со проценка на штетата од околу 108 милијарди долари.

„Ајк“, кој ги погоди Тексас и Луизијана во 2008-та година, чинеше околу 29,5 милијарди долари.

„Ендрју“, кој ги зафати Флорида и Луизијана во 1992-та година, предизвика штета од околу 26,5 милијарди долари.

Во 2005-та година, „Вилма“ ја погоди Јужна Флорида, предизвикувајќи штета од околу 21 милијарда долари.

Заокружување на најскапите пет е „Иван“, кој ги погоди северна Флорида и Алабама во 2004-та година, со штети од околу 18,8 милијарди долари.

Од Националната океанска и атмосферска велат дека врз основа на податоците од 1851 до 2010-та година, во САД во просек има 5,4 урагани годишно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG