Линкови за пристапност

Ураганот „Патриша“ на пат за Мексико


Американскиот центар за урагани предвидува дека „Патриша“ ќе остане во најопасната „Категорија 5“.

Југозападниот дел на Мексико се подготвува за моќниот ураган „Патриша". Невремето се очекува да го погоди овој дел на земјата денеска попладне по локално време.

Американскиот центар за урагани предвидува дека „Патриша“ ќе остане во најопасната „Категорија 5“. Метеролозите прогнозираат дека ураганот ќе донесе ветришта од 325 километри на час и врнежи до 50 сантиметри. Се очекуваат и поплави и лизгање на земјиштето.

XS
SM
MD
LG