Линкови за пристапност

Источниот дел на САД и натаму се справува со последиците од „Метју“

Животот го загуби 21-но лице, а во меѓувреме, властите велат дека бројот на жртвите на Карибите и натаму расте.

Во источниот дел на САД, како резултат на ураганот „Метју“, и натаму има поплави и луѓе заглавени на покриви те на нивните куќи. Во меѓувреме, властите велат дека бројот на жртвите на Карибите и натаму расте.

ОН во понеделникот побараа помош од 119 милиони долари, што би биле наменети за Хаити кои беа најмногу погодени од невремето. Официјалната бројка на загинати е меѓу 400 и 1.000 лица. Уништени се илјадници домови и важна инфраструктура во земјата, а бројни области се тешко достапни. Материјалната штета дополнително ја влоши ситуацијата во Хаити, којшто страда од сиромаштија и коишто и натаму се опоравува од катастрофалниот земјотрес од 2010-та година.

Во САД, ураганот „Метју“ однесе 21 живот. Стотици илјади жители и натаму се без електрична енергија, а со надоаѓање на водата од реките, се очекува натамошно влошување на ситуацијата.

Претседателот Барак Обама во понеделникот прогласи вонредна состојба за сојузната држава Северна Каролина.

This item is part of
XS
SM
MD
LG