Ураганот Марија минатата година во Порторико однесол повеќе од 4.600 животи, што е за преку 70 пати повисока бројка од 64-те жртви според американската влада, покажа денеска објавената студија на журналот по медицина Њу Ингланд.
Наодите, врз основа на анкетата врз илјадници жители на Порторико, спроведена од истражувачи од Универзитетот Харвард, покажала дека луѓето животот го загубиле помеѓу 20-ти септември и 31-ви декември 2017-та година.
Бавната реакција на американската влада беше критикувана, додека претседателот Доналд Трамп беше обвинет дека голем дел од територијата на САД остана без електрична енергија со месеци.
Истражувачите велат дека нивните најнови проценки може да бидат премногу ниски и го нагласуваат невниманието на владата на САД за веќе дотраената инфраструктура во Порторико.
Ураганот Марија нанесе штета од околу 90 милијарди долари на островот, кој веќе се бори со и онака лошата економија. Според истражувачите, ураганот Марија е третиот досега најскап тропски циклон во САД од 1900-тата година, кога почнало да се води евиденција.
Повеќе од осум месеци по невремето, територијата бавно се опоравува. Жителите продолжуваат да страдаат од недостаток на вода, нестабилна електрична мрежа и недостаток на основни услуги, принудувајќи многу жители да се иселат.
Во новата студија која вели дека бројот на жртвите е 4.645, има 95 проценти шанса вистинскиот број да биде понизок за 793 и повисок за 8.498. Претходно независни студии го проценуваа бројот на жртвите на околу илјада лица.
Резултатите од најновата студија се базираат на случајно спроведени анкети на 3.299 лица од речиси 1,1 милиони домаќинства во Порторико, вклучувајќи ги и домовите во оддалечените области.
За да обезбедат непристрасни резултати, жителите не биле платени за нивните одговори и им било кажано дека нивните одговори нема да имаат никакво влијание врз дополнителната владина помош.
Истражувачите велат дека не можат да ги споредат своите наоди со најновите владини резултати, бидејќи нивното барање за пристап до броеви било одбиено.
Владата на Порторико престанала јавно да ги објавува податоците за жртвите настанати поради ураганите во декември, минатата година.
Facebook Forum