Линкови за пристапност

Евакуација во Северна и Јужна Каролина поради поплави по урагнот


Поплавите се очекува да почнат утре, поради што граѓаните во потенцијално поплавените делови треба да ги напуштат нивните домови уште денеска

Илјадници жители од крајбрежните краеви на сојузните држави Северна и Јужна Каролина можеби ќе треба да ги напуштат нивните домови, бидејќи нивото на водата на реките се` уште се зголемува, повеќе од една недела по ураганот Флоренс.

Околу 6.000 до 8.000 жители на округот Џорџтаун во Јужна Каролина добија предупредување да се подготват за евакуација пред рекордните поплави од три метри, како резултат на дождот кој го донесе овој ураган.

Поплавите се очекува да почнат утре, поради што граѓаните во потенцијално поплавените делови треба да ги напуштат нивните домови уште денеска.

Според Националниот метеоролошки центар, пет реки во Северна Каролина се излеани, додека уште пет други се во фаза на излевање.

Се очекува и околните автопати да бидат под вода уште најмалку една недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG