Ураганот Флоренс стигна во Северна Каролина. Јачината на ураганот се намали, односно стана бура од прва категорија, но, метеоролозите велат дека се`уште има можност да предизвика смртоносни последици.
Ураганот го погоди брегот на Северна и Јужна Каролина рано утринава, проследен со силни ветрови и дожд.
Националниот центар за урагани соопшти дека Флоренс веќе донел опасен бран вода на крајбрежјето на Северна Каролина.
„Со надоаѓање на брановите, нивото на реките ќе се зголеми и водата ќе се излее, бидејќи ќе нема каде да оди“, изјави гувернерот на Северна Каролина Рој Купер.
Бавното движење на бурата е повеќе загрижувачко, отколку нејзината сила, стравуваат метеоролозите и властите.
Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека Владата е подготвена да се справи со последиците од ураганот Флоренс, додека итните служби и единици за помош при катастрофи се подготвени да реагираат.
Утре се предвидува дека ураганот значително ќе ослабне при влегување во централниот дел на Јужна Каролина, а следната недела се очекуваат обилни врнежи од дожд.
Бавното движење на бурата е повеќе загрижувачкo, отколку нејзината сила, велат метеоролозите
ВАШИНГТОН —
Facebook Forum