Линкови за пристапност

Ураганот Флоренс се доближува до Северна и Јужна Каролина


Прогнозите се дека ќе прерасне во бура од четврта категорија

Официјалните лица за вонредни состојби во сојузната држава Северна Каролина ги предупредија луѓето да ги завршат подготовките за ураганот Флоренс најдоцна до денес, пред бурата да пристигне.

Според прогнозите, не се очекува Флоренс да прерасне во бура посилна од четврта категорија, пред да го зафати копното на САД утре или рано в петок.

И покрај загрижувачката прогноза, некои граѓани во Северна Каролина одбиваат да се евакуираат.

Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер се обрати до жителите, кои одлучија да не се евакуираат.

„Брановите и ветерот што оваа бура може да ги донесе, не е ништо слично, како што сте виделе некогаш досега, дури и ако сте доживеале некои бури порано. Оваа е поинаква, не го ставајте животот на коцка, бидејќи кога условите ќе се нарушат, може да биде предоцна за евакуација. Но, со таквата постапка, исто така, ги ставате во ризик и одговорните официјални лица“, изјави тој.

Експертите велат дека ова би можело да биде најсилната бура што ќе го погоди брегот на Каролина во последните 60 години.

Делови од југоисточниот брег, кои не се под дирекна закана на ураганот, се под закана од тропска бура, што значи дека можни се и поплави.

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека Белата куќа е „подготвена како што била и досега“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG