Откако во голема мерка го поштеди Порто Рико, ураганот Доријан сепак се очекува да прерасне во голем ураган во наредните денови кога ќе се приближи кон северниот дел на Бахамите и копното на САД.
Националниот центар за урагани на САД соопшти дека бурата денеска е проследена со ветрови со брзина од 140 километри на час.
Се очекува Доријан да го погоди северниот дел на Бахамите во сабота, додека до Флорида ќе стигне во недела или понеделник.
На Флорида веќе е прогласена вонредна состојба во исчекување на потенцијалните штети од поплави, поројни дождови и ветрови.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во порака на Твитер порача Флорида да се „подготви“.
„Ураганот Доријан веројатно ќе ја погоди Флорида доцна навечер во недела“, напиша тој. „Бидете подготвени и следете ги државните и федералните инструкции. Тоа ќе биде многу голем ураган, можеби еден од најголемите“.
Facebook Forum