Ураганот „Френклин“, прв од сезоната на урагани во Атлантикот, е на пат кон централниот дел на Мексико.
Американскиот центар за урагани соопшти дека „Френклин“ утрово го погодил источниот брег на Мексико, движејќи се кон запад, со јачина на ветриштата од 140 километри на час.
Властите издадоа предупредувања за делови од централно Мексико, а ураганот се очекува да донесе врнежи меѓу 10 до 30 сантиметри, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето опасни по живот.
Метеоролозите сепак велат дека штом ќе го напушти копното, невремето можно е брзо да ја изгуби моќта.
Неделава „Френклин“ го погоди полуостровот Јукатан во Мексико како тропска бура, а заради силните ветришта, бројни жители останаа без електрична енергија.
Facebook Forum