Линкови за пристапност

Ураганот Ирма ги погоди Карибите, се движи кон Флорида


Вечерва по локално време, бурата се очекува да го зафати Порторико

Ураганот Ирма рано утринава го зафати северниот дел на Заветрените Острови, носејќи ветришта, струи и врнежи од петта, и најопасна категорија, директно над Барбуда.

Според најновите извештаи, досега животот го загбиле најмалку две лица.

Американскиот центар за урагани соопшти дека екстремно опасната бура ќе се приближи до Ангилја во текот на денот, како и до Британските Девствени Острови, пред вечерва да стигне во близина на Порторико.

Се` уште е тешко да се предвиди правецот на движење на ураганот, но, се предупредува дека може да ги погоди Доминиканската Република, Хаити, Куба, како и Туркс и Кајокс.

Властите предвидуваат дека Ирма наредните денови ќе се задржи на четврта или петта категорија.

Утрово невремето донесе ветришта со јачина од 295 километри на час, правејќи го еден од најсилните урагани во историјата на Атлатскиот Океа.

Претседателот на САД Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во Порторико, Девствените Острови и во Флорида, и ја задолжи Агенцијата за справување со вонредни состојби - ФЕМА (FEMA) да почне со активности за обезбедување помош.

Метеоролозите очекуваат дека Ирма ќе ја погоди Флорида, некое време во недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG