Линкови за пристапност

Силниот ураган Ерл се приближува кон САД


Националниот центар за урагани во Мајами објави дека невремето се движи во насока север-северозапад и ќе дојде на брегот на Северна Каролина доцна во четврток до рано во петок.

На десетици илјади луѓе им е наредено да ги напуштат островите на Северна Каролина додека моќниот ураган Ерл се приближува кон американскиот Источен брег.

Метеоролозите предупредуваат на силни ветрови и дожд од невремето со категорија четири, со сила на ветрот од 230 километри на час.

По должина на брегот на Средниот Атлантик и на север до Масачусетс на сила е предупредување за ураган и тропско невреме.

Националниот центар за урагани во Мајами објави дека невремето се движи во насока север-северозапад и ќе дојде на брегот на Северна Каролина доцна во четврток до рано во петок. Се очекува ураганот да скршне на север и постепено да слабее приближувајќи се на источните држави што излегуваат на океанот, Род Ајленд и Масачусетс.

Гувернерите на Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд објавија вонредна состојба.

Метеоролозите исто така го следат тропското невреме Фиона, што се очекува да мине близу Бермудите до рано во саботата. Предупредување за тропското невреме е на сила за островот, додека невремето се приближува со ветрови од 85 километри на час.

XS
SM
MD
LG