Линкови за пристапност

Хантсман - ново поглавје во односите меѓу САД и Русија?


Назначувањето на новиот американски амбсадор во Москва предизвика скептицизам кај експертите

Руските експерти во Европа ја примија информацијата за назначувањето на амбасадорот Џон Хантсман со скептицизам, дека заострените односи меѓу Вашингтон и Москва ќе се подобрат за време на неговиот мандат.

Новиот американски амбасадор во Русија, на церемонија во Кремљ во вторникот, ги даде дипломатските акредитации на рускиот претседател Владимир Путин, што го означи почетокот на неговиот мандат.

На приемот, Путин ги опиша билатералните односи меѓу двете држави како незадоволувачки, но, повика на конструктивна и корисна соработка во иднина.

Тој изрази надеж дека доаѓањето на Хантсман ќе биде почеток на ново поглавје во билатералните односи.

„Џон Хантсман е прв амбасадор во Русија од времето на Трамп, бидејќи претходниот беше назначен од претседателот Барак Обама“, рече Константин Егерт, коментатор и водител на програма на руската независна телевизија „Дожд“.

За Руската редакција на Гласот на Америка, Егерт рече дека професионалната кариера на Хантсман се разликува од оние на неговите претходници, што може да укаже на промена на дипломатската игра.

Во август, САД воведоа нов пакет финансиски санкции, поради наводно руско мешање во претседателските избори минатата година, како и за воена агресија во Украина и Сирија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG