Линкови за пристапност

Хантсман – номинација за амбасадор на САД во Русија


Ова ќе му биде петта администрација каде извршувал одговорна функција

Поранешниот гувернер од Јута Јон Хантсман е изборот на претседателот Трамп за нов амбасадор на САД во Русија. Белата куќа потврди дека ќе го номинира Хантсман.

Хантсман лани се повлече претседателската трка во САД, и му изрази поддршка на тогашната републиканска номинација Доналд Трамп, но подоцна ја повлече.

Поранешниот гувернер веќе служел во четири администрации во Вашингтон, ова ќе му биде петта.

Во 2009-та, поранешниот претседател Барак Обама го номинираше Хантсман за амбасадор во Кина. Тој зборува мандарински.

Учествуваше во претседателката трка во САД во 2016-та, но по разочарувачкото трето место на примарните избори на Републиканската партија во Њу Хемшир, се повлече од трката.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG