Унгарскиот претседател од десното крило потпиша контроверзна легислатива за странски универзитети, за што критичарите предупредуваат дека може да принуди затворање на врвната меѓународна институција основана од американскиот финансиер Џорџ Сорос.
Претседателот Јанош Адер вчера го одобри законот што бара сите 28 странски универзитети кои работат во Унгарија да имаат кампуси и во нивните домашни држави.
Критичарите велат дека Универзитетот на Централна Европа е единствениот меѓу 28-те кој нема огранок во странство, предизвикувајќи широко распространето стравување дека законот има за цел да им оневозможи пристап на младите до институцијата што дава западно образование и што има про-демократски наставен план.
Универзитетот на Сорос е формиран во 1991-ва, по распадот на Советскиот Сојуз. Таму е во употреба англискиот јазик и во него студираат околу 1.400 студенти од повеќе од 100 држави. Во време на отварањето на универзитет потегот на финансиерот беше фален како помош на Унгарија во транзицијата по децении на комунизам кон демократски идеали.
Facebook Forum