Дали вашиот шеф работи за Москва? Ова не е прашање што кој било контраразузнвач сака да му биде поставено од колегите од државите членки на НАТО, но, за Ференц Кетрин тоа не беше реткост за време на неговата децениска работа во Канцеларијата за заштита на Уставот на Унгарија.
Најлошо од се` е што имало основи за сомнение за унгарските разузнавачки служби.
Пред пет ипол години тој ја напуштил функцијата, велејќи дека доаѓа време кога треба да се каже не.
„Од мене беше барано да правам работи за кои не мислев дека се во ред, а бев и блокиран да правам работи кои требаше да ги правиме“, вели тој.
Таков пример се спречените операции за справување со руската разузнавачка активност во Унгарија, целејќи кон руски офицери да бидат регрутирани како двојни агенти.
Кетрин се согласи да зборува за контроверзната одлука на Владата на Виктор Орбан да се согласи за релокација во унгарскиот главен град на Меѓународната инвестициска банка контролирана од Русија.
Опозициските политичари во Унгарија, како и западните официјални лица за безбедност, изразија загриженост оти банката ќе биде користена да се прикријат руските шпионски активности во Европа.
Кетрин ја споделува загриженоста за политизирање на Унгарската разузнавачка заедница, како и за руската закана кон Европа.
„Русите ќе ја искористат банката за нивните разузнавачки активности во странство“, вели тој.
Банката негира дека има каква било поврзаност со руските разузнавачи.
Но, Кетрин вели дека неговата поранешна Агенција нема доволно ресурси за да може да ги набљудва активностите на банката и на нејзините вработени.
Владата на Орбан го продолжи дипломатскиот имунитет на банката. Кетрин верува дека Орбан сака да ги спротивстави Русија и Западот.
Шеснаесет унгарски разузнавачи беа тестирани на полиграф од двајца руски оперативци, кои се претставија како бугарски психолози, според документите што беа објавени од унгарскиот главен обвинител минатата недела.
Прашан како ќе ја окарактеризира руската шпионажа и активните мерки за закана против Европа, тој рече:
„Немам ништо против Русите. Ја сакам нивната култура. Но, Руската влада е многу агресивна против Европската Унија. Не треба да ги потцениме“, изјави тој.
Facebook Forum