Линкови за пристапност

ЕУ подготвува санкции за Унгарија


Европскиот парламент гласаше со 448 спрема 197 што би можело да резултира со суспензија на унгарските гласачки права

Пратениците на Европската унија направија чекор без преседан да почнат процес на воведување санкции за Унгарија во врска со презентирањето на „систематска закана“ за демократските европски вредности.

Европскиот парламент гласаше со 448 спрема 197 што би можело да резултира со суспензија на унгарските гласачки права.

Гласањето му донесе сериозен удар на премиерот Виктор Орбан, што дополнително го изолираше од моќните сојузници во време на неговите амбициозни напори да ја протурка Европа кон унгарската верзија на „нелиберална демократија“.

Орбан успеа во текот на неговите осум години на функција да ги одврати своите критичари, кои тврдат дека изборниот систем на Унгарија е неправилен, слободата на медиумите и судската независност се намалуваат, а бегалците и барателите на азил се злоупотребуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG