Линкови за пристапност

Во Унгарија победи централно-десничарската партија Фидез


Унгарската централно-десничарската партија Фидез освои голема победа во првиот круг на национални избори поразувајќи ги владеачките социјалисти, додека крајно-десничарската партија се пласира на завидно трето место

Унгарската централно-десничарската партија Фидез освои голема победа во првиот круг на национални избори поразувајќи ги владеачките социјалисти, додека крајно-десничарската партија се пласира на завидно трето место.

Со речиси сите гласови од неделното гласање преброени, Фидез доби 53 проценти од гласовите и 206 места во парламентот со 386 седишта. Социјалистите го зедоа второто место со 19 проценти 28 места. Крајно-десничарската партија Јобик доби 17 проценти и 26 места, добивајќи за прв пат влез во парламентот.

Вториот круг за повеќе од сто места сеуште нерешени ќе се одржи на на 25 април.

Фидез, што ја предводи поранешниот премиер Виктор Орбан, вети дека ќе ги намали даноците и ќе креира еден милион работни места во текот на следните десет години. Зголемувањето на даноците и намалувањето на трошоците што го направи социјалистичката влада наштетија на нејзината популарност во Унгарија, што беше една од земјите најтешко погодени од глобалната финансиска криза во 2008.

XS
SM
MD
LG