Линкови за пристапност

Хуманитарци предупредуваат: На Сирија ѝ се заканува глад без контрола


Во северозападна Сирија, новата година внесе длабоки стравови, бидејќи хуманитарните работници предупредуваат на непосредна криза со глад што ќе погоди милиони. Светската програма за храна ја прекина редовната помош во Сирија. Известува Хедер Мардок.

Во последниве години, помошта во храна за милиони луѓе во Сирија беше повеќекратно намалена поради недостиг на финансиски средства, а до крајот на 2023 година, 2,5 милиони луѓе веќе беа прекинати, според Светската програма за храна.

Сириските семејства сè уште добиваат храна без да ги намалат нивните дневни оброци.

Далат Ал-Шариф, раселена мајка чиј сопруг работи во продавница за 200 турски лири неделно што е помалку од 7 долари - вели дека нејзиното семејство целосно се потпирало на последната мала помош.

Милиони луѓе во Сирија пред опасност од тешко гладување
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

“Изминативе години не ни ја прекинаа помошта со храна, но годинава ќе ја прекинат. Ќе ни треба булгур, ориз и се останато. Да се живее во овој камп без храна ќе биде многу тешко бидејќи не можеме да си дозволиме ништо да купиме”, вели Ал-Шариф.

Во декември, Светската програма за храна објави дека помошта во храна за 2024 година ќе биде суспендирана во Сирија и последните испораки во оваа област беа извршени тој месец.

Инвалидите немаат помош, вдовиците немаат помош, сирачињата немаат помош, освен месечната храна што им била обезбедена
Калед Мухамед Ал-Акал

Регионот сега е дом на речиси 4,5 милиони луѓе, 65 проценти од нив се раселени, а повеќето живеат во кампови.

Официјални лица кои ја надгледуваат помошта што доаѓа во Сирија велат дека луѓето овде се веќе гладни и дека оваа загуба наскоро ќе доведе до катастрофа.

"Ги предупредуваме сите хуманитарни агенции на ваквото континуирано намалување на хуманитарната помош. Предупредуваме на голем глад што нема да може да се контролира”, укажува Мазен Алуш, директор за медиуми од границата меѓу Сирија и Турција.

Многу од семејствата во камповите се раселени повеќе пати, а војната овде продолжува со речиси 100 цивили убиени во последните месеци.
Семејствата без приходи први ќе гладуваат, велат локалните лидери.

“Инвалидите немаат помош, вдовиците немаат помош, сирачињата немаат помош, освен месечната храна што им била обезбедена, а таа не била ни доволна за овие семејства бидејќи им се делела еднаш на два месеци”, вели Калед Мухамед Ал-Акал, Административец на камповите во Медина.

Официјалните лица велат дека локалните организации немаат пари да обезбедат помош во храна, и сега само се надеваат дека ќе се материјализира некој нов вид на извор на потребната храна во последен момент.

XS
SM
MD
LG