Линкови за пристапност

Помпео: Кина, Иран, Сирија и Венецуела мора да се посветат на заштита на човековите права


По повод денешниот Меѓународен ден за човекови права, државниот секретар на САД ги повика сите држави да ги гарантираат правата и слободите на граѓаните

Моралниот авторитет на една влада е заснован на желбата да ги заштити правата и слободите на граѓаните, но, за жал не сите држави покажуваат таква желба, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео, по повод денешниот Меѓународен ден за човекови права.

„За жал кинеската Влада продолжува да врши притисок врз членови на верски и етнички групи и ги нарушува гарантираните слободи на жителите на Хонгконг“, рече Помпео, додавајќи дека човековите права секојдневно се нарушуваат од режимите во Иран, Сирија и Венецуела.

„Со цел државите како Кина, Иран, Сирија и Венецуела да го вратат моралниот авторитет во очите на државите кои ги почитуваат слободите, мора да се посветат на заштита на човековите права и фунадаментални слободи“, порача Помпео.

Тој нагласи дека САД ќе останат силен поддржувач на оние кои се борат за нивните неприкосновени права и дигнитет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG