Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги критикува владите поради неуспехот да ја имплементираат резолуцијата на Советот за безбедност, за 30-дневен прекин на огнот во Сирија.
На отворањето на четиринеделната сесија на Советот за човекови права, Гутереш повика на итно ставање крај на борбите.
„Очекувам резолуцијата веднаш да биде имплементирана, за да осигура безбедност, испорака на хуманитарна помош и услуги, евакуација на критично болните и повредените сириски граѓани. Крајно време е да се стопира овој пекол на Земјата“, истакна првиот човек на светската организација.
Силите на сириската влада почнаа да ја бомбардираат запленетата област Гута, само неколку часови откако Советот за безбедност на ОН постигна договор за прекин на огнот.
Facebook Forum