Линкови за пристапност

ХСБЦ помагала на клиенти да избегнат оданочување


Сокриена актива во вредност од стотици милиони долари, според Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари

Група истражувачки новинари откри дека швајцарскиот огранок на најголемата британска банка им помагал на богатите клиенти да избегнат оданочување и да сокријат актива во вредност од стотици милиони долари.

Во вчера објавениот извештај, Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), со седиште во Вашингтон, обелодени тајни банкарски документи од пред неколку години коишто покажуваат дека британскиот банкарски гигант ХСБЦ отворал сметки за меѓународни криминалци, познати личности, политичари, членови на кралски семејства, спортисти и директори на корпорации. Меѓу криминалците се членови на нарко-картели, трговци со оружје и трговци со дијаманти по коишто биле издадени потерници.

ИЦИЈ го добил тајните документи со помош на францускиот весник Ле Монд. Тие содржат детали за над 100.000 клиенти на банката од цел свет.

ХСБЦ реагираше на извештајот со коментар дека нејзините напори за придржување до правилата биле недоволни. Банката соопшти и дека последниве години минала низ „радикална трансформација“ и дека сега применува поригорозни правила.

Ова откритие може да предизвика повици за построга контрола на софистицираното избегнување на оданочувањето од страна на богатите и мултимационални компании, едно од клучните политички прашања во Британија и ширум Европа.

XS
SM
MD
LG