Линкови за пристапност

Државите на Арапската пролет потфрлиле на планот на почитување на човековите права


Хјуман рајтс воч, група со седиште во САД, предупредува дека Арапската пролет донела влади кои не ги почитуваат човековите права. Македонија ја нема во извештајот.

Во извештајот објавен во четврток групата вели дека и покрај раната „еуфорија“ со Арапската пролет, фундаменталната промена е бавна и непостојана во држави како Египет, Либија и Тунис, држави кои неодамна имаа промена на режимот.

Извештајот вели дека овие нови влади треба да изградат ефикасни институции на владеење, да воспостават независни судови, и да обучат јавни функционери за почитување на човековите права.

Групата ги предупредува овие држави за прифаќањето на „неограничено владеење на мнозинството“ над демократија што ги почитува правата.

Еден од авторите на извештајот, Кен Рот, директор во Хјуман рајтс воч, изрази бројни забелешки за Египет и нивниот нов устав, велејќи дека правата во државата се условни.

Групата исто така го осуди насилството што се случува во Сирија. Ги повика Русија и Кина да поставaт посилни санкции спрема Сирија во обид да извршат притисок на режимот.

Извештајот го сумаризира почитувањето на човековите права кај повеќе од 90 држави и територии.

Меѓу балканските држави Македонија и Албанија не се споменуваат.
XS
SM
MD
LG