Линкови за пристапност

Христијан Мицкоски го доби мандатот за формирање влада - рече дека ќе биде реформска

Новата реформска влада ќе има основна цел и задача да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, да не тонеме како држава и како општество во политичкото мочуриште на меѓу-политички препирки, туку да ја развиваме нашата држава“, рече Мицкоски и додаде „ќе нема граѓани од прв и втор ред“

Почна да тече рокот од 20 дена во кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да ја поднесе програмата и составот на идната влада.

Мицкоски, денеска, во претседателкиот кабинет, од претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го доби мандатот за составување на новата влада.

Пред и формално да му даде мандатот, Сиљановска-Давкова објасни дека има основи да смета дека токму лидерот Мицкоски има мнозинство во парламентот и сериозна можност да формира влада.

„Чест и задоволство ми е да верувам дека чекорот што го преземам – доверување на мандат на Христијан Мицкоски е вистински правен и политички чин“, рече Сиљановска-Давкова.

По кусиот протоколарен чин, пред новинарите, првпат како мандатар се појави Мицкоски и најави кои ќе бидат приоритетите на неговата влада која ја нарече „реформска“.

„Сакам да најавам дека набргу од сега ќе биде составена новата влада, реформска влада. Влада која ќе има основна цел и задача да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, да не тонеме како држава и општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава, граѓаните во Македонија да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред, сите ние да бидеме еднакви. Да ги задвижиме работите во економијата, реформи во економијата, еден силен инвестициски циклус, тоа е она кое граѓаните го очекуваат од нас, подобрување на стандардот на живот. Исто така подобрување на стандардот на живот. Истовремено, владеењето на правото ќе биде наша основна водилка, нешто кое што изостануваше, би рекол, овие седум години. Ние продолживме да тонеме на сите мерења и на сите релевантни рангирања“, вели Мицкоски.

Не сакаше да зборува за потенцијалните кадровски решенија за министри зашто, како што рече, се` уште траат разговорите на ниво на коалициските партнери.


Вчитај повеќе

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG