Линкови за пристапност

Како западнавме во задолженост?


Како западнавме во задолженост?
Како западнавме во задолженост?

Неможноста на „Суперкомисијата“ да најде решение за дефицитот ги истакнува едните-исти партиски разлики по фискални прашања.

Дури и моќната двопартиска „Суперкомисија“ нема решение како да го намали дефицитот за 1,2 трилиони долари во наредните 10 години.

Комисијата има рок до понеделник навечер да понуди решение, а до среда тој да биде конкретизиран. Политичкиот аналитичар Стјуарт Ротенберг вели дека рокот е поставен со добра причина.

“Мораше да има нешто да ги натера да се договорат. Затоа е утврдена постапката за скратувања низ целата влада, вклучувајќи ги и трошоците за одбрана, што е ужасна алтернатива, а поради која мора да дојдат до договор“, коментира Ротенберг.

„Суперкомисијата“ се чини дека ги има истите проблеми како и целиот Конгрес. Прогресивните демократи се плашат дека таа ќе ги скрати програмите за социјална грижа, што им се важни.

Независниот сенатор Берни Сандерс од Вермонт, пак, е категоричен: „Проклет да сум ако го балансираме буџетот врз грбот на старите, болните, децата и сиромашните. Тоа е погрешно“.

Конзервативните републиканци се плашат дека суперкомисијата ќе ги крене даноците – нешто на кое огнено се противат.

„Заедничката комисија има само една опција - намалување на трошоците и реформа на загарантираните бенефиции“, наведува претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бејнер.

Некои републиканци индицираат дека би се согласиле на одредени даночни зголемувања, но демократите стравуваат дека намалувањата на трошоците и зголемувањето на даноците би било несразмерно.

Тоа поттикнува некои законодавци да заговараат „голем договор“ – „Суперкомисијата“ да предложи мерка од 4 трилиони долари во скратување на трошоците и зголемување на даноците.

Демократскиот сенатор Марк Ворнер, од Вирџинија, вели:

„Неуспехот не е опција. Целиот свет гледа“.

Само уште два дена. Што потоа – е друга тема.

XS
SM
MD
LG