Линкови за пристапност

Паѓаат цените на домовите во САД


Паѓаат цените на домовите во САД
Паѓаат цените на домовите во САД

Нови извештаи покажуваат намалување на вредноста на домовите и паѓање на нарачките за одредени фабрички производи.

Одделот за трговија вели дека нарачките за скапи производи што треба да траат најмалку три години паднале за четири проценти во јануари. Тоа е најголемо опаѓање за последниве три години и делумно се должи на наглото опаѓање на нарачките за комерцијални авиони.

Друг извештај од приватни истражувачи ((at Standard & Poor's / Case-Shiller)) исто така покажува опаѓање на цените на домовите за четири проценти во декември. Други извештаи покажаа дека бројот на продадените домови се стабилизира, но дека се` уште не престанало опаѓањето на цените на домовите.

Гувернерката од бордот на Федералните резерви Елизабет Дјук вели дека американската Централна банка внимателно го следи движењето на пазарот на домови. Федералните резерви ги намалија каматните стапки и презедоа други акции што обично ја поттикнуваат продажбата на станови, но на распит во Конгресот таа кажа дека дека сето тоа не дало ефект кој се очекувал.

XS
SM
MD
LG