Демократско мнозинство во Претставничкиот дом на САД гласаше во четвртокот да ја ограничи можноста на претседателот Доналд Трамп да изврши понатамошни напади врз Иран без одобрување на конгресот.
Резолуцијата беше донесена со 224 наспрема194 гласови. Тројца републиканци гласаа со демократите.
Сенатот треба да гласа за слична резолуција следната недела.
Демократите од Претставничкиот дом излегоа со резолуција откако Трамп минатата недела нареди напад со беспилотно летало во кое загинаа иранскиот генерал Касем Солејмани.
Спикерката Ненси Пелоси изјави дека авторизирањето на нападот со беспилотно летало во Ирак во кој беше убиен Солејмани од страна на претседателот Трамп било направено без консултација со Конгресот.
Трамп рече дека Солејмани претставувал непосредна закана, но одби да даде детали.
Во четвртокот, сепак, претседателот рече дека Солејмани планирал да ја нападне Амбасадата на САД во Багдад.
Facebook Forum