Линкови за пристапност

Куќа за три дена


Иновации во американското градежништво
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Иновативен начин на градба на куќи овозможува целиот процес да заврши во фабричките хали со што се штеди на средства и време.

Американската компанија „Боксабл“ разви таканаречена „универзална градежна кутија“. Тоа е првата масовно произведена систематизирана градежна единица во светот, која деновиве беше претставена на Саем за иновативно домување во Вашингтон.

„Оваа градежна единица се пакува, се испраќа со брод насекаде низ светот, а може да се гради во секој архитектонски стил на куќа или зграда. На овој начин добиваме повисок квалитет на градба по пониски трошоци“, вели Галијано Тирамани, од градежната компанија „Боксабл“.

Ова е модерен чекор напред во технологијата на изградба на градежни објекти. Прототипот е во развој, а на пазарот треба да се појави со цени пониски за 30 до 40 проценти од класичната градба со иста големина.

Американските градежни компании се вртат кон иновациите како одговор на растот на трошоците за градба, што ги прави домовите се потешко достапни поради високите цени.

„Имаме криза поради недостиг на достапно домување. Со новите технологии постигнуваме пониски трошоци и подобри цени“, вели Џеф Румор, од Асоцијацијата на национални комунални претпријатија.

„Со овие машини се поставува инфраструктура во градежништвото на начин кој не е инвазивен за околината“, вели Дејвид Барбера, од градежната компанија „Барбкоен корпорејтед“.

Слични методи се користат и за градба на куќи со класичен изглед и структура.

Овие куќи се градат во само неколку денови. Целиот процес се одвива во самата фабрика, така што нема загуба на работни денови поради лоши временски услови.

Куќите се енергетски ефикасни, а многу внимание се обрнува во нив да има доволно природно светло.

Многумина кои посакуваат нов дом го посетија саемот на Капитол Хил.

„Не очекував многу, но кога влегов внатре многу ми се допадна“, вели Едриен Котонворн, посетителка на саемот за домување.

„Куќата е прекрасна. Одлична кујна, две купатила. 92 метри квадратни е совршена големина, посебно за семејство со едно или две мали деца“, вели Шери Валс, друга посетителка на саемот.

Најскапата изложена куќа на саемот чини 160.000 долари, што сепак е достапна цена на американскиот пазар на недвижнини. За илустрација, според порталот Zillow просечната цена за куќа во Вашингтон е 573.900 долари. Куќа на подобра локација чини над милион долари.

Но, за оние кои ни од далеку немаат толку длабок џеб, надеж нуди компанијата симболично наречена Build us HOPE.

„Ова е мал дом од 32 метри квадратни, но е на тркала, значи подвижен е. Во него се сместени три спали, дневна соба, купатило и кујна. Чини од 50.000 до 70.000 долари“, вели Елизабет Синглтон, од оваа градежна компанија.

Достапното домување исто така има за цел да понуди брза и ефикасна градба на домови во области погодени од природни катастрофи како пожари и поплави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG