Линкови за пристапност

Се` уште нема согласност меѓу демократите и републиканците дали да се укине имунитетот на полицајците


Сенатот и Претставничкиот дом неделава се очекува да гласаат за клучни полициски реформи

Сенатот и Претставничкиот дом на САД неделава се очекува да гласаат за реформи во полицискиот систем, делумно согласувајќи се за неколку предлози, иако се`уште нема целосна согласност за тоа што би требало да се промени.

Клучното несогласување меѓу демократите и републиканците е прашањето за имунитетот на полицајците, што ја отежнува можноста граѓаните да поднесуваат тужби против нив, доколку сметаат дека им биле прекршени граѓанските права.

Демократскиот предлог предвидува да се укине овој имунитет, за разлика од предлогот на репбликанските лидери, кој е против тоа.

Претседателот на САД Доналд Трамп, на Твитер напиша, дека Претставничкиот дом сака да донесе закон, кој ќе ја уништи полицијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG