Линкови за пристапност

Протестите во Хонг Конг продолжуваат, Лам одбива да даде оставка


Генералниот штрајк денеска го парализираше Хонг Конг, спречувајќи ги луѓето да стигнат на работа. Откажани се и повеќе од 200 летови.

Говорејќи пред новинарите, Лидерката на Конг Конг, Кери Лам, рече дека демонстрантите го туркаат градот на работ на „исклучително опасна ситуација“.

Лам повторно ги отфрли повиците на демонстрантите за нејзина оставка и рече дека владата е решителна да го одржи законот и редот.

Таа, исто така, рече дека владата нема позитивно да одговори на барањето за ослободување на демонстрантите кои беа уапсени за време на протестите во изминатите седмици.

Лам обвини дека протестите го ставаат Хонг Конг на патека од која нема враќање и дека тоа ѝ наштетува на градската економија.

Во текот на викендот повторно се одржани протести кои доведоа до судири на демонстрантите со полицијата. Демонстрациите започнаа пред два месеци поради законот за екстрадиција, кој под притисок на протестите беше суспендиран, но протестите не престанаа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG