Линкови за пристапност

Политичката криза во Хонг Конг се префрли во градското собрание


Четиримесечната длабока политичка криза во Хонг Конг се префрли во градското собрание кога главната администраторка Кери Лам беше замолчена од постојаните вербални упади и дофрлувања од про-демократските законодавци во време кога се обидуваше да ја изложи годишната наскока на нејзината политика. Протестите почна во моментот кога таа влезе во Собранието, а продемократските демонстранти носеа плакати со нејзини исцртани крвави раце.

Постојаните дофрлања од пратениците ја принудија да го напушти Собранието. Таа се обиде уште еднаш да се врати на говорницата, но претседателот на Собранието Ендју Леунг ја прекина седницата.

Лам подоцна се обрати преку телевизија.

Во Вашингтон, законодавците од Претставничкиот дом усвоија серија мерки за поддршка на про-демократските протести во Хонг Конг, вклучувајќи и резолуција со која се осудува мешање на Кина во внатрешните работи на Хонг Конг.

Протестите почнаа во јуни, а беа испровоцирани од предвидениот закон за екстрадиција со кој се овозможуваше на осомничени за криминални дела да бидат испорачани во Кина и таму да одговараат. Демонстрантите се обединија и околу барањата за целосна демократија во Хонг Конг, и побара независна истрага за прекумерната употреба на сила од полицијата, како и амнестија за сите притворени активисти. Полицијата редовно користи солзавец за да ги растера демонстрантите. Од јуни се приведени повеќе од 2000 лица. Една третина од нив, се соочуваат со затворски казни и имаат по 18 години, или помлади.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG