Линкови за пристапност

Сè уште се откажуваат дел од летовите на аеродромот во Хонг Конг


Аеродромот во Хонг Конг денеска е отворен, но сè уште се откажуваат дел од летовите откако поради протестите аеродромот вчера беше затворен.

Во меѓувреме, лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, застана во одбрана на полициските остри мерки против демонстрантите. Таа рече дека полицијата работи во многу тешки околности во последните два месеци.

„Полициските операции не може да ги одредува некој како мене кој е надвор од полицијата, особено кога полицајците на лице место треба да проценат што ќе биде во најдобар интерес за безбедноста на луѓето во конкретна ситуација. Полицијата има кодекс што треба да го следи, како и строги упатства за употреба на соодветна сила“, рече Лам.

Демонстрантите сега бараат право слободно и фер да гласаат за нивниот следен лидер. Исто така се бара и независна истрага за наводна полициска бруталност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG