Линкови за пристапност

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг


Демонстрантите излегоа на протести против нов предлог закон за екстрадиција

Полицијата во Хонг Конг интервенираше со солзавец за време на денешните судири со демонстрантите кои се собраа пред седиштето на владата да демонстрираат против законот за екстрадиција.

Полицајци со шлемови и штитници наредени на улиците интервенираа за да ги оттурнат демонстрантите, од кои некои ги превртеле барикадите и фрлале со предмети кон полиција.

Претходно владата објави дека законодавниот дом денеска ќе ја одложи планираната седница, каде што пратениците требаше да расправаат за контроверзната мерка за екстрадиција.

Предлог-законот ќе им олесни на властите да ги екстрадираат луѓето во земји со кои што немаат долгорочен договор, како што е Кина. Стотици бизниси веќе ја објавија својата намера да им дозволат на вработените да заминат од работа за да присуствуваат на планираниот протест.

Во соопштението издадено од Законодавниот совет се вели дека денешната седница ќе биде закажана за подоцнежен датум.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG