Линкови за пристапност

Протестите во Хонг Конг не се водени од „странски сили“


Силно негирање од продемократските лидери на тврдењето дека масовните собири се оркестрирани од странство

Продемократските лидери во Хонг Конг остро ги отфрлија тврдењата од страна на градските власти дека неколкунеделните масовни протести се организирани од страна на „странски сили“.

Генералниот секретар на Студентската федерација на Хонконг, Алекс Чоу, ги отфли наводите на извршниот директор на Хонг Конг, Чун-јинг, нарекувајќи ги измислица.

Чоу го повика Чун-јинг да обелодени докази за случајот.

Во телевизиско интервју, Чун-јинг подвлече дека демонстрациите не се целосно внатрешно движење. Тој ги обвини „странските сили“ за вмешаност во протестите. Сепак, одби да ги именува странските земји или групи за кои верува дека стојат зад протестите.

Неговите коментари се совпаѓаат со неодамнешните коментари во кинеските државни медиуми во кои САД и западните сили се обвинуваат за манипулирање на протестите.

XS
SM
MD
LG