Линкови за пристапност

Уапсен медиумскиот тајкун во Хонгконг Џими Лај


Тој е осомничен за соработка со странска држава, според новиот Закон за национална безбедност

Медиумскиот тајкун во Хонгконг Џими Лај е еден од седумте лица, кои денес беа упасени под обвинение за прекршување на новиот Закон за национална безбедност на Кина.

Весникот „Епл дејли“, чиј издавач е дигитална компанија на Лај, објави дека 72-годишниот Лај бил упасен дома, како осомничен за соработка со странска држава. Весникот објави дека бил уапсен и најмалку еден син на Лај.

Полицијата на Хонгконг рече дека биле упасени седум лица на возраст од 39 до 72 години, но, не ги откри нивните идентитети.

Часови по неговото апсење, повеќе од 100 полицајци влегле во компанијата на Лај, што весникот го пренесуваше во живо на неговата веб-страница. Според весникот, за време на полициската рација, Лај бил воден низ редакцијата со лисици на раце.

Согласно новиот Закон за национална безбедност, секој во Хонгконг што се верува дека ќе изврши тероризам, сепаратизам, субверзија или соработка со странски сили, би можел да се соочи со доживотна затворска казна ако биде обвинет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG