Демонстрант во Хонгконг е обвинет за сепартизам и тероризам, за носење транспаранет на протестите, на кој пишувал „Ослободете го Хонгконг, револуција на нашите времиња“, објави Ројтерс.
Ова е прво лице, кое е обвинето, согласно новиот Закон за национална безбедност на Хонгконг.
Полицијата рече дека 23-годишното момче со мотор удрило неколку полицајци на протестите во среда, повредувајќи некои од нив.
Согласно известувањето на медиумите, тој првично бил уапсен за опасно возење.
Обвинението против него доаѓа помалку од 24 часа, откако градските власти изјавија дека, согласно новиот Закон, слоганот „Ослободете го Хонгконг, револуција на нашите времиња“, укажува на сепартизам или преврат.
Се` уште не се знае дали независните судови ќе го поддржат ова мислење.
САД, Британија и други држави ја осудија новата легислатива, а Обединетите нации (ОН) изјавија дека стравуваат оти со ова законско решение ќе се ограничи просторот на граѓанското општество, и оти ќе доведе до прогон на активисти.
Facebook Forum