Линкови за пристапност

Лидерката на Хонг Конг тврди дека никогаш нe размислувала за оставка


Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, го негира извештајот на Ројтерс, велејќи дека никогаш не барала од кинеската влада да и дозволи да се повлече за да се стави крај на политичката криза.

Лам го коментираше извештајот на Ројтерс за аудио снимка од неа на која вели дека би се повлекла кога би можела.

Таа исто така изрази разочарување што дискусија на приватна седница протекла во медиумите.

„Никогаш не сум понудила оставка на Централната народна влада. Јас дури и не размислував да разговарам за оставка. Изборот да не поднесам оставка е мој сопствен избор. Но, само се обидов да објаснам дека како индивидуа, со оглед на многу тешките околности, би можело да биде лесен избор да си заминам. Но, си реков дека јас и мојот тим треба да останеме да му помогнеме на Хонг Конг“, рече таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG