Повторен судир на продемократските демонстранти и полицијата во Хонг Конг. Претходно беа уапсени 44 демонстранти, кои беа обвинети за предизвикување на немирите. Ова е прво обвинение од ваков вид од почетокот на протестите минатиот месец.
Полицијата синоќа употреби солзавец и физичка сила против демонстрантите кои се собраа пред полициската станица во квартот Кваи Чунг. Демонстрантите одговорија со фрлање на пластични шишиња кон полицијата.
Вчера демонстрантите го блокираа градскиот транспортен систем и не им дозволуваа на патниците да излезат од возовите. Од тие причини на некои од станиците услугата беше делумно суспендирана. Судири избувнаа меѓу демонстрантите и фрустрираните патници кои брзаа да стасаат на работа.
Протестите започнаа пред неколку месеци поради предлог законот за екстрадиција со кој жителите на Хонг Конг кои се обвинети за кривични дела можат да бидат трансферирани во Кина.
Протестите се најголеми социјални превирања во поранешната британска колонија, откако пред 22 години се врати во кинеското владение. Протестите се интензивираа драматично во текот на последните два викенди, при што полицијата употреби гумени куршуми и солзавец за да ја растера толпата.
Facebook Forum