Линкови за пристапност

Хонгконг им забрани на демонстрантите да носат маски


Забраната се однесува за лицата на „нелегални“ собири кои предизвикуваат насилство, а не за оние што носат маски со „легитимна“ потреба

Хонгконг забрани демонстрантите да носат маски со најнова рестрикција од страна на прокинеската Влада.

Хонгконг денес ја објави забраната и ја осуди ескалацијата на насилството по четири месеци антивладини демонстрации.

Властите сметаат дека новото законско решение ќе ги спречи маскираните лица од насилни протести, и ќе и` помогне на полицијата во спроведување на законот.

Пред објавата на забраната, илјадници маскирани демонстранти протестираа во центарот на Хонгконг, повикувајќи на поголема демократија и слободи.

„Носењето маски, исто така, е слобода. Оваа забрана ќе ги направи жителите на Хонгконг уште погневни“, велат демонстрантите.

Забраната стапува во сила од утре, и се однесува на лицата на „нелегални“ собири кои предизвикуваат насилство, а не на оние што носат маски со „легитимна“ потреба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG