Линкови за пристапност

Хонгконг размислува да забрани демонстрантите да носат маски


Локалните медиуми информираат дека забраната ќе биде објавена утре

Хонгконг размислува да воведе итна мерка со која ќе се забрани демонстрантите да носат маски на лицето, со цел да се совладаат антивладините протести кои почнаа во јуни годинава.

Локалните медиуми информираат дека забраната ќе биде објавена утре.

Повеќето лица кои протестираат носат маски за да го сокријат идентитетот.

Предложената законска мерка уследи по судирот меѓу продемократските демонстранти и специјалните сили на Хонгконг во вторникот, кој го засени одбележувањето на 70 години од уредувањето на Комунистичката партија во Кина.

За време на насилството во вторникот, 18-годишен студент беше застрелан од полицијата, и се товари за насилство со можна затворска казна од десет години.

Надлежните велат дека пукањето било оправдано оти полицаецот бил исплашен за безбедноста на неговиот живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG