Линкови за пристапност

Хонгконг не исклучува помош од Пекинг да се справи со протестите


Сепак, властите веруваат дека сами треба да најдат решение преку дијалог и мерки

Властите на Хонгконг соопштија дека не исклучуваат помош од Кина да се справат со продемократските протести, но, оти веруваат дека сами треба да најдат решение преку дијалог и мерки, наместо да го инволвираат Пекинг.

Хонгконг истакна дека сака да ги поврати мирот и редот преку адресирање на важни прашања, како економијата, кои ги поттикнаа уличните протести.

Минатата недела, Хонгконг забрани демонстрантите да носат маски, потег што предизвика уште поголем гнев.

Десетици илјади лица излегоа на улиците да се спротивстават на ваквата забрана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG