Линкови за пристапност

Владата на Хонгконг го повлече законoт за екстрадиција што предизвика протести


Суспендирање на ова законско решение беше едно од петте барања на демонстрантите

Владата на Хонгконг официјално ќе го повлече законот за екстрадиција кој предизвика насилни антивладини протести три месеци.

Неговото повлекување беше објавено денес преку видеопорака, а со него требаше да се овозможи на осомничените за криминал да им се суди во кинеските судови, контролирани од Комунистичката партија.

Суспендирање на ова законско решение беше едно од петте барања за кои протестираа граѓаните, меѓу кои и за независна истрага за обвинувањата за полициска бруталност, како и за поголема демократија на територијата под кинеска контрола.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG