Линкови за пристапност

Жителите на Хонгконг протестираа мирно


Канада и ЕУ објавија заедничка изјава, во која се бранат основните права на собир на граѓаните

Десетици илјади лица вчера протестираа мирно на улиците во Хонгконг, единаесет недели по ред откако почнаа антивладините протести.

Фронтот за граѓански права повика протестите да бидат разуми, а не насилни, откако претходно демонстрантите се судрија со полицијата на меѓународниот аеродром, при што беа откажани речиси 1.000 лета.

За време на протестите, Канада и Европската Унија објавија заедничка изјава, во која се бранат основните права на собир на граѓаните на Хонгконг.

Тамошните жители стравуваат дека им е загрозена слободата, што резултираше со масовни демонстрации со денови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG