Линкови за пристапност

Протестите на аеродромот во Хонгконг лимитирани со судска наредба


Речиси сите претходно стопирани летови продолжуваат од денес, со само неколку одложувања

Аеродромот во Хонгконг најави дека со наредба на судија се лимитираат антивладините протести, кои го блокираа аеродромот два дена по ред.

Судската наредба ги ограничува демонстрациите на одредени делови на аеродромот, а речиси сите претходно стопирани летови продолжуваат од денес, со само неколку одложувања.

Судската одлука уследи по вчерашните блокирања на ходниците на аеродромот со колици за пренос на куферите, додека полицијата искористи спреј за одбрана со цел да ја разбие толпата демонстранти.

Полицијата приведе пет лица поради незаконско собирање, поседување оружје, како и за напад на полициски офицери, од кои двајца беа повредени.

Во текот на ноќта, медиумите ги пренесуваа судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои, во неколку ситуации, сами задржаа лице наводно од Кина.

Демонстрантите ги блокираа и влезовите на аеродромот, а во еден момент нападнале и новинар, исто така, од Кина.

Полицијата соопшти дека повеќе од 600 лица се уапсени откако почнаа антивладините протести во јуни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG