Линкови за пристапност

Хонг Конг ќе создаде сопствен закон за национална безбедност


Предлогот доаѓа четири години откако Кина наметна драконски закон за национална безбедност на Хонг Конг кој го потисна продемократското движење.
Предлогот доаѓа четири години откако Кина наметна драконски закон за национална безбедност на Хонг Конг кој го потисна продемократското движење.

Четири години откако Кина наметна строг закон за национална безбедност на Хонг Конг, водачот на територијата вели дека е дојдено време градот да донесе своја верзија.

Главниот извршен директор Џон Ли им рече на новинарите во вторникот дека законодавниот дом ќе започне со консултативен период за создавање збир на закони како што се бара со членот 23 од основниот закон на Хонг Конг, мини-устав кој е на сила откако Британија го врати градот на Кина во 1997 година.

Ли рече дека новите закони ќе опфатат предавство, бунт, шпионажа, кражба на државни тајни, странско влијание и мешање и саботажа, вклучително и употреба на компјутери и електронски системи за спроведување на дела што ја загрозуваат националната безбедност.

Пекинг наметна сопствен закон за национална безбедност на Хонг Конг во 2020 година, како одговор на масовните продемократски демонстрации една година претходно, кои го оставија градот во превирања. Со законот се казнува секој во Хонг Конг за кој се верува дека врши тероризам, сепаратизам, субверзија на државната власт или дослух со странски сили.

Откако законот стапи на сила, стотици продемократски застапници беа уапсени, судени и затворани, а некогаш живото граѓанско општество во градот беше задушено.

Ли рече дека додека општеството во Хонг Конг „изгледа мирно и многу безбедно“, заканата за неговата безбедност останува.

„Ние сè уште треба да внимаваме на потенцијалните саботажи и потиски струи кои се обидуваат да создадат проблеми“, рече тој, особено застапниците за независноста на Хонг Конг и странските агенти за кои рече дека се уште се активни во градот.

Периодот на консултации ќе заврши на 28 февруари. Обидот да се донесе закон за национална безбедност во 2003 година беше напуштен по масовниот уличен протест на кој привлече 500.000 граѓани.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG